Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Седат двајца мажи во кафана и пијат. Пред кафаната слетува летачката чинија, од неа излегува зелено човече и им се приближува. Тие продолжуваат да пијат. Стои зеленото човече, ги гледа и вели:
Јас сум зелено човече!
Мажите го погледнуваат и едниот вели:
Келнер, дај му и на зеленото човече една жолта!
Му ставаат, човечето ја пие. Мажите продолжуваат да пијат и по кратко време човечето пак:
Јас сум зелено човече!
Тие пак го погледнуваат:
Келнер, дај му и на зеленото човече една жолта!
Вонземјанинот пак пие, мажите повторно продолжуваат да се налеваат. Зеленото човече не издржува и вреска:
Ама јас сум Марсовец!!!
Дооообрo. Келнер, доста му е пиење на зеленото човече.