Ако немаш електронска картичка, за возење со ЈСП ќе си платиш 150 денари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Граѓаните кои го користат скопскиот јавен превоз, од почетокот на годинава задолжително мора со себе да имаат електронски картички.  Оние кои се уште не извадиле, ќе можат да се возат со автобус, но само ако купат карта на лице место по цена од 150 денари со 5 возења.

Исто така и кај приватните превозници задолжителна е употребата на електронските картички.

Оваа мерка беше воведена лани, а пуштени во употреба беа два типа на картички: персонализирана и неперсонализирана.

Електронската картичка која е неперсонализирана со назнака Скопска која чини 150 денари само овој месец промотивно дава можност за 5 возења, додека од следниот месец оваа бројка ќе биде сведена на две возењ. Корисниците кои не се возат често со градскиот превоз имаат можност да платат едно возење преку мобилен кое ќе чини 40 денари иако и таа опција за сега не е дозволена за сите оператори.