Невролозите тврдат: Оваа песна ја намалува анксиозноста за 65%


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Психолошките симптоми на анксиозноста се претерана плашливост и загриженост, чувство на внатрешна напнатост и немир, ослабена концентрација, раздразливост, зголемена чувствителност на бука, лесно заморување, слаба меморија која често е резултат на намаленото внимание и концентрација.

Телесните симптоми на анксиозноста се забрзана работа на срцето, тешко дишење, чувство на недостаток на воздух, стегање во градите, сува уста, потешкотии во голтањето, зголемено потење на дланките, често мокрење, вртоглавица, „пеперутки“ во стомакот, болки во мускулите, ослабена сексуална желба, треперење на целото тело.

Психијатрите ја делат анксиозноста на три видови: општа анксиозност, фобија и панични пореметувања.

Невролозите во Обединетото Кралство одбрале една песна кој помага анксиозноста да се намали за дури 65 проценти. Научниците од „Мајндлаб Интернешнал“ истражувале која музика предизвикува најголема состојба на опуштање.

Истражувањето покажало дека песната „Weightless“, најдобро делувала кај аксиозните испитаници.

Интересно е што песната е специјално направена со цел да поттикне опуштање.