Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Терористичкиот напад во ноќниот клуб во Истанбул со 39 убиени и 69 ранети е најцрниот настан кој го одбележа првиот ден на новата 2017 година, но и покрај повиците за мир, насилство имаше насекаде во светот, од тешко ранување на полицајци во Италија, преку терористички напади во Ирак и кршење на примирјето во Сирија, до масакрот во Бразил.
Целта на атентатот изведе во новогодишната ноќ во Истанбул била да се предизвика хаос, изјави во неделата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и оцени дека целта на терористите е да се деморализира народот и да се дестабилизира земјата со ужасните напади насочени против цивилите.
По напаѓачот уште се трага и уште никој ја нема преземено одговорноста за нападот во клубот „Reina“ во кој се убиени многу странци.
Според последните податоци, меѓу шеснаесетте странски жртви се тројца Јорданци, а четири нивни сонародници се ранети. Убиени се и двајца Тунижани, една Французинка која имала и туниско државјанство, а нејзиниот сопруг Тунижанец е ранет, една Израелка, двајца Индијци, маж со турско-белгиско државјанство и неколку државјани на Саудиска Арабија, Либан, Либија и Мароко.
Маж уби 13 луѓе, а потоа и себеси во градот Кампинас во Бразил, каде неговата поранешна сопруга славела Нова година, соопшти бразилската полиција. Бразилската полиција соопшти дека напаѓачот кој упаднал во куќата каде неговата поранешна сопруга славела Нова година, носел неколку парчиња оружје. Меѓу загинатите е и неговата поранешна сопруга и уште неколку членови на нејзиното семејство.
Според полицијата од Сао Паоло, убиецот најверојатно бил незадоволен од неодамнешниот развод. Според локалните медиуми тие имаат 8-годишен син, кој починал во пукањето. Покрај убиените ранети се уште тројца кои се во критична состојба.
Во Ирак најмалку седум луѓе се убиени а 15 се ранети во неделата на напад врз контролен пункт на ирачката полиција јужно од Наџаф, а одговорноста ја презема Исламска држава, соопштија ирачките функционери. Нападот го извеле тројца самоубијци со експлозивни појаси кај градот Кадисија,, Отвориле оган на полицајците кои возвратиле, а нивниот автомобил притоа експлодирал.
Во малата земја на Персискиот залив, Бахреини, вооружени мажи во неделата нападнале затвор и на затвореници обвинети за тероризам им овозможиле бегство, при што е убиени еден полицаец.
Инциденти имаше и во Европа. Во експлозијата на импровизирана експлозивна направ рано утрото во неделата пред книжарница во Фиренца со кој управува група неофашисти тешко е ранет полицаец кој се обидел да ја деактивира направата,
Антитерористичката полиција го открила пакетот и повикала пиротехничари, но направата експлодирала кога ѝ се приближил и во болница морале да му ја ампутираат раката, и ослепен е на едното око.
Џанлука Јаноне, претседател а групата од крајната десница CasaPound изјави дека ова е трет напад во последнава година, што потсетува на таканаречените оловни години 70 – те и 80 – те од минатиот век, кога Италија потона во екстремистички напади на крајната левица и крајната десница.