Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден храбар шеф во Германија одлучи да престане да им ги брои деновите од годишниот одмор на своите вработени, без тоа да им влијае на нивните плати.
Улрих Кастнер, сопственик на компанија во Лајпциг која се занимава со развивање на софтвер ги извести своите вработени дека можат да одат на годишен одмор кога сакаат и колку сакаат, откако ќе ги завршат зададените проекти, пренесува Daily Mail.
Вработените беа воодушевени од ваквата одлука на шефот, а на прашањето во што е штосот, Кастнер одговара: „Тие се одговорни луѓе, им верувам. Тие на работат поради правилата, туку за резултатите. Сигурен сум дека ќе бидат многу поопуштени и концентрирани на работата ако знаат дека после завршениот проект ќе можат да одат на долг годишен одмор“.
Некои од фирмата веќе го искористија таквиот неограничен годишен одмор. Една од вработените после завршениот проект патуваше на Балтикот и вели дека вредело да одработи неколку викенди за времето кое го помина со своето семејство на патувањето.
„Многу е полесно да работиш кога знаеш дека после успешно завршениот проект доаѓа одмор и уживање“, велат вработените, а шефот нема сомнежи дека екипата и понатаму ќе функционира на најдобар можен начин.