Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Арсенал оваа сезона е конкурентен за титулата во Премиер лигата, но фановите најмногу се загрижени за иднината на првата ѕвезда, Алексис Санчез.
Одличниот Чилеанец е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, но сеуште нема никакви позитивни знаци за продолжување на договорот кој му истекува во 2018 година.
Санчез е голема желба на неколку европски гиганти, пред се ПСЖ и Интер. Миланскиот гигант следното лето ќе добие голема финансиска „инјекција“, па прва трансфер желба ќе биде токму Чилеанецот.
Медиумите на Островот тврдат дека Санчез е одлучен во намерата да не го продолжува договорот и на крајот на сезоната да ја промени средината, но сепак последниот збор сепак ќе го има Арсенал.
Венгер неодамна изјави дека дури и да се случи Санчез да не го продолжи договрот нема да биде продаде и ќе остане до 2018 година.