Милано се враќа во голем стил: Милан и Интер ќе трошат 500 милиони следното лето!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека Милан и Интер ова лето ќе направат бум на европскиот пазар и ќе потрошат половина милијарда евра на засилувања.

Миланските гиганти веќе неколку години не се на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал, но сега добија нови сопственици кои имаат финансиска моќ да ја „тргнат прашината“ од овие големи имиња.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека двата клуба следното лето ќе имаат на располагање буџет од 500 милиони евра и ќе донесат големи фудбалски ѕвезди во Милано.

„Договорот ќе биде склучен во март. Имаме големи планови и нашата цел е да го вратиме Милан на врвот на европскиот фудбал. Следното лето ќе инестираме 300 милиони евра во тимот“, изјавија новите сопственици на Милан.

Весникот откри и неколку имиња кои ќе бидат главна трансфер цел на „росонерите“, а тоа се Цеск Фабрегас, Матео Ковачиќ, Иско, Мусакио, Белоти…

Интер исто така силно ќе настапи на трансфер пазарот со буџет од 200 милиони евра, а главни трансфер цели ќе бидат Марко Верати, Алексис Санчез и Маркињос.