Пешачеше 30 километри по снег и студ за да му помогне на своето семејство


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американката Карен Клајн 30 часа патувала пеш по снегот за да стигне до некого, кој ќе може да му помогне на нејзиното семејство кое останало заглавено во снегот.

Карен (46), со сопругот Ерик и десетгодишниот син Ајсак патувале кон северниот дел на Големиот Кањон кога почнало обилно да паѓа снег, кој на крајот ги затрупал додека барале алтернативен премин поради затворените патишта.

„Google Map ни покажа по кој пат не може да се минува, тоа често се случува“, рече шефот на полицијата Џим Дрискол кој учествуваше во спасувањето на несреќното семејство.

Околу нив немало никој, а немали сигнали на мобилните, па Карен одлучила да тргне пеш додека не најде помош за своето семејство. Таа трчала на маратони и се натпреварувала во триатлони. Таткото и синот останале во автомобилот, затоа што заклучиле дека Карен е во подобра форма.

Во обична зимска јакна, капа и чизми таа се упатила на марш низ снегот кој на некои места бил висок и до 90 сантиметри. Планот и бил да отиде до главниот пат, кој бил на 16 километри одалечен од местото на кое останале заглавени, но бидејќи и тој бил затворен и непрооден, Карен продолжила да се движи кон влезот на Националниот парк.

По патот таа останала без храна и вода, па морала да јаде гранки и да ја пие сопствената урина. Таа изминала над 40 километри кога наишла на една колиба. Го скршила прозорецот, влегла внатре и се онесвестила, по што спачувачите ја пронашле шест часа подоцна.

Во меѓувреме, нејзиниот сопруг успеал да се искачи на повисок терен и фатил сигнал на мобилнот.

Спасувачите веднаш ги лоцирале таткото и синот, а потоа тргнале во потрага по мајката. Кога ја пронашле настинатата и измрзната Карен, веднаш ја пренеле во болница.

Карен е универзитетски професор која редовно се занимава со спорт и е во добра форма.

„Да не беше во таква форма, сигурно немаше да преживее“, изјави началникот на полицијата.