Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Минатиот викенд, поточно во саботата вечерта, идната Прва дама на САД, Меланија Трамп, во друштво на својот сопруг, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, присуствуваа на полноќна миса во црквата во Палм бич на Флорида.
Мисата беше одржана во истата црква во која славниот пар од светот на шоубизнисот, а денес и од светот на политиката, се венча во 2005 година. Меланија и Доналд се фотографирани како пристигнуваат во црквата околу 22.30 часот.
Она што малку „боде очи“ е модниот избор на Меланија за една ваква пригода. Убавицата се појави во мини фустан високо над своите колена, истакнувајќи ги своите витки нозе, што според верниците не е баш пригоден избор за на миса.