Поранешната ѕвезда на Јунајтед се враќа во Премиер лигата!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Секогаш добро информираниот „Билд“ тврди дека Челзи е спремен да ја плати сумата која ја бара Баер Леверкузен за напаѓачот, Хавиер Ернандез – Чичарито.

Споменатиот извор тврди дека Конте силно посакува да го засили нападот, особено поради фактот што Батчуаи не се вклопува во неговиоте планови, па потребна му е конкуренција на Диего Коста.

Чичарито од 2010 до 2015 го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и има искуство во Премиер лигата, а последните две сезони со успех го носи дресот на Баер Леверкузен.

Мексиканецот минатата сезона за „фарнацевтите“ постигна 26 гола на 40 настапи и покажа дека е во животна форма, а Конте смета дека би бил идеално засилување за нападот на „сините“.