Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германската централна банка Bundesbank вратила оваа година од странство повеќе златни резерви отколку што планирала, ја пренесуваат германските медиуми изјавата на гувернерот Јенс Вејдман.
И во 2016 година вративме во Германија значително повеќе злато отколку што првично планиравме. Во Германија сега е речиси половината од златните резерви, вели гувернерот Јенс Вејдман во разговорот за тиражниот дневен весник Bild, објавено во саботата.
Според податоците на интернет страниците на гувернерот Bundesbank, германските златни резерви кон крајот на 2015 година изнесувале 3.381 тона, од што 1.402 тони во нивните трезори во Германија. Само нешто малку помалку, односно 1.347 тони, на крајот од минатата година биле во трезорите на американската централна банка Federal Reserve (Fed). Следи британската централна банка Bank of England (BoE) со 435 тони и француската Banque de France (BdF) со 196 тони, покажуваат податоците на германската централна банка.
Весникот Bild наведува дека во меѓувреме обемот на златните резерви во трезорите во Германија е зголемен на околу 1.600 тони, а до 2020 година би требало да достигне 1.700 тони.
Bundesbank ќе го заврши планираното враќање на златото пред рокот, вели германскиот гувернер.
По избувнувањето на финансиската криза во еврозоната, германските граѓани бараат дека во земјата да се чува што повеќе од вкупно 3.381 тона злато. Некои дури го поставуваа прашањето дали тоа воопшто и постои, што во Bundesbank ги наведе да го објават деталниот извештај за златните резерви во 2015 година, во кој на 2.300 страници е евидентирана секоја поединечна златна прачка.
До неодамна германските златни прачки од безбедносни причини, поврзани со Студената воја, се наоѓаа во американската и во француската централна банка. Дополнителните причини за чувањето на златото во странство била нивната полесна замена за резервна валута, доколку за тоа се укаже потреба.
Во меѓувремено од поединечните официјални тела доаѓаа приговорите дека Bundesbank воопшто не ја контролира тежината и квалитетот на германските златни резерви во странство, потсетува во вторникот Deutsche Welle.
Поради тие приговори германската централна банка одлучи да поработи на транспарентноста и во јануари 2013 година дозволено е снимањето на златото и неговиот квалитет е испитуван пред камерите, но само оние количества кои се во германските трезори.