Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Договор за изградба на тениски центар покрај кејот на реката Вардар денеска, преку јавно приватно партнерство потпишаа Општина Аеродром и компанијата Тенис парк чиј сопственик е рускиот инвестир Сергеј Самсоненко.
Градоначалникот на општината Ивица Коневски соопшти дека ќе бидат изградени четири тенески терени на тврда и исто толку на земјена подлога со современи материјали и други компатабилни содржини.
Нашата посветеност во развојот на спортот има за цел да создадеме услови младите да спортуваат и да станат здрави носители на нашата иднина, со оглед на фактот што тенисот во Општина Аеродром има долга традиција. Според оваа физибилити студија, инвестицијата ќе чини над 2 милиони евра, изјави градоначалникот Коневски.
Тој објасни дека овој проект треба да се реализира во наредните три години, а ќе започне во почетокот на 2017 година. Проектот ќе биде изграден во близина на СЦ Јане Сандански, истакна Коневски.
На потпишувањето на договорот помеѓу Општина Аеродром и фирмата инвеститор присуствуваше и министерот за финансии, Кирил Миноски кој рече дека оваа инвестиција ќе придонесе за зголемување на локалниот економски развој.