Почина и Бритни Спирс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Или барем тоа се случило ако се прашуваат оние кои го хакираа и на кратко го презедоа Твитер профилот на Сони Мјузик, објавувајќи неколку лажни вести, меѓу кои и дека познатата пејачка Бритни Спирс починала, соопшти денеска компанијата.

Медиуми веднаш почнаа да ги пренесуваат „твитовите“: „RIP @britneyspears”, „#RIPBritney 1981-2016″ и други.

Претставникот на Сони потврди дека профилот бил нападнат, како и дека тоа било набрзо поправено. Продукцијата и се извини на поп ѕвездата и нејзините фанови за вознемирувањето.

Твитер профилот на Сони Мјузик беше хакиран и во ноември 2014.