Мурињо: Клаузулата е активирана во мозокот на Ибрахимовиќ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, ја отфрли можноста Златан Ибрахимовиќ по завршувањето на сезоната да го напушти „Олд Трафорд“.

Ибрахимовиќ со Јунајтед има потпишано едногодишен договор, истиот истекува во јули наредната година, а во него е вметната клаузулата дека тој може да биде продолжен за уште една година.

„Клаузулата е активирана во мозокот на Ибрахимовиќ, но и кај мене и кај клупските челници. Околу тоа не постои никаков проблем“, изјави Мурињо.

„Сигурен сум дека тој не дојде во Премиерлигата онака, тој сака да се докаже тука. Дали ќе биде неуспешен во Јунајтед? Мислам дека тоа не е можно. Јасно е дека е подготвен за сите напори кои ги бара Премиерлигата, а така ќе биде и во наредните сезони“, порача „Специјалниот“.

Во досегашниот тек од сезоната 35-годишниот напаѓач е најдобриот стрелец и играч на Јунајтед, во сите натпреварувања одигра 26 натпревари и постигнал 18 голови.