Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските војници во регионите од северниот сириски град Алепо, што до неодамна беше под контрола на бунтовниците, во повеќе масовни гробници пронашле мртви тела врз кои имало траги од мачења, а некои дури биле и осакатени, пренесоа американските медиуми.
Портпаролот на министерството, генерал мајор Игор Конашенков, изјави дека откриени се масовни гробници на неколку десетици Сиријци, кои претрпеле ѕверски мачења и колења. Некои од телата биле осакатени, а на некои имало прострелни рани.
Русија во Алепо испрати воена полиција, откако градот во текот на овој месец целосно беше заземен од силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Конашенков притоа ги критикуваше бунтовниците, кои го контролираа источниот дел од градот, дека поставиле мини и други експлозиви што претставуваат закана за животот на цивилното население.