Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во среда Државната изборна комисија и официјално ќе им ги врачи уверенијата за освоен мандат на пратениците што беа избрани на изборите одржани на 11 декември.
Поголемиот дел од пратениците се старо-нови имиња и ликови, додека од тие што досега не седеле во собраниските клупи, а на јавноста и се познати, се Јохан Тaрчуловски, Борис Змејковски од ВМРО-ДПМНЕ, претстaвниците на Шарената револуција Ирена Стефоска, Павле Богоeвски и Ивана Туфегџиќ од СДСМ, професорот Ферид Мухиќ, како и генералот во пензија Илија Николовски.
Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица во пратеничките клипи треба да седнат Никола Попоски, Елизабета Канческа Милевска, Борис Змејковски, Драган Данев, Даниела Рангелова, Љупчо Димовски, Крсто Јовановски и Чедомир Саздовски. Во втората изборна единица оваа партија ќе ја претставуваат Никола Тодоров, Трајко Вељаноски, Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Амди Бајрам, Владанка Авировиќ, Зоран Ѓорѓиевски, Јохан Тарчуловски и Весна Дамчевска – Илиевска. Пратеници од тројката се Илија Димовски, Емил Димитриев, Слаѓана Митовска, Трајчо Димков, Стојан Миланов, Магдалена Манаскова, Зеќир Рамчиловиќ, Никола Мицевски, Благица Ласовска, Емилија Александрова и Иван Иванов. Од четворката Никола Груевски, Ванковер Манчев, Ане Лашкоска, Панчо Минов, Весна Пемова, Васил Пишев, Нада Ципушева, Димитар Стевананџија, Драган Цуклев и Павлинче Честојнова. Во петтата изборна единица доволно гласови за мандат освоија Антонијо Милошоски, Зоран Илиоски, Лилјана Затуроска, Љубен Арнаудов, Благоја Деспотоски, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Лилјана Кузмановска и Соња Талевска. Во шестката Владимир Ѓорчев, Јусуф Хасани, Дафина Јованоска-Стојаноска и Горан Манојлоски.
Од Коалицијата за живот во Македонија предводена од СДСМ во Собранието од првата изборна единица влегуваат Стево Пендаровски, Рената Десковска, Дамјан Манчевски, Стефан Богоев, Павле Богоевски, Соња Мираковска, Диме Велковски, Татјана Прентовиќ, Ивана Туфегџиќ и Петар Атанасов. Во двојката пратенички мандат освоија Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Мухамед Зекири, Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Максим Димитриевски, Курто Дудуш и Тања Ковачев.
Гласачкиот филтер во третата изборна единица го поминаа Љупчо Николовски, Благој Бочварски, Јагода Шахпаска, Панче Иванов, Сашко Костов, Јулиана Николова, Енес Ибрахим, Илија Николовски и Мира Стојчевска.
Во четворката пратенички мандат освоија Зоран Заев, Хари Локвенец, Катерина Кузмановска, Горан Мисовски, Кокан Јанески, Кети Смилевска, Бетиан Китев, Сашо Поцков, Милевка Георгиева и Мери Лазарова.
Од петтата изборна единица пратеници станаа Радмила Шекеринска, Александар Кирацовски, Томислав Тунтев, Горан Милевски, Васко Ковачевски, Ирена Стефоска, Јован Митрески, Алија Камберовски и Жаклина Лазаревска. Од шестката Петре Шилегов, Ѓулумсер Касапи и Благојче Трпески.
Пратеници на ДУИ ќе бидат Артан Груби од единицата, Ејуп Аљими и Реџаиљ Исмаили од двојката, Агин Шаќири од петката и Али Ахмети, Талат Џафери, Шпреса Хадри, Бранко Маноиловски, Џеват Адеми и Мирсада Емини Асани од шестката.
ДПА во Собранието ќе ја претставуваат Мендух Тачи и Бардуљ Даути.
Зеќирија Ибрахими е пратеник на Беса од првата изборна единица, а Африм Гаши од втората. Најмногу пратенички места три, Беса освои во шестката, Биљал Касими, Фадил Зендели и Теута Биљали.