Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новиот Lamborghini Aventador S е претставен во целост, пред неговото деби во 2017-та. Овој модел ќе го замени сегашниот Aventador и ќе биде под Aventador SV, со моќност од 740 коњски сили од 6.5 литарскиот V12 мотор. Фокусот на Aventador S е во аеродинамичниот перформанс, како и на управувачкиот систем на сите тркала за подобра агилност.
На прв поглед Aventador S изгледа многу слично со обичниот модел, но разликите се суптилни – S има подолг преден сплитер дизајниран да го насочува воздухот за подобрено ладење и аеродинамика, а на задниот дел има нов црн дифузер кој генерира потисок.
Од Lamborghini велат дека овие промени го подобруваат потисокот за 130%, и ефикасноста при големи брзини за 50%.
На располагање ќе бидат неколку модови за возење – STRADA, SPORT, CORSA, како и новиот EGO мод. Во него, возачот ќе може самиот да ги намести критериумите за контрола на тракцијата, управувачот, и амортизацијата. Ќе можат да бидат нагодувани и моторот и системот за менување на брзини.
Lamborghini Aventador S ќе забрзува од 0-100км/ч за 2.9 секунди, а максималната брзина ќе му биде 350км/ч. Од сегашниот модел ќе остане 7-брзинскиот автоматски менувач кој е способен за менување брзини за само 50 милисекунди, додека емисиите на CO2 во споредба со него ќе се зголемат – 394g/km во споредба со сегашните (алармантни) 370g/km.
Цената ќе започнува од над 320.000 евра, а при крајот на 2017 се очекува и кабриолет верзијата Aventador S Roadster.