БЕСА ја одби поканата од Ахмети за денешна заедничка средба на албанските партии


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Централното претседателство на партијата вчера вечер одлучило БЕСА да не се појави на средбата што ја иницираше лидерот на ДУИ Али Ахмети, велат од БЕСА за 24 вести.

Ахмети ги покани лидерите на сите партии на Албанците што освоија пратенички места во Собранието денес на ручек за да се обидат да се договорат за заедничка албанска платформа и заеднички став за албанските барања.

Досега поканата ја прифатија единствено од Алијансата за Албанците, додека од ДПА нема одговор дали ќе се појават.