Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вработените во Југохром наидоа на затворена врата во второстепената владина комисија, па наместо средба со надлежните, нивното писмо заврши само во архива.
Роковите на второстепената комисија истекоа, а истекува и договорот кои работниците го постигнаа со менаџментот да земаат плата уште еден месец. Нивната егзистенција, од јануари, станува неизвесна.
Следната недела менаџментот ќе одлучува дали и покрај клучот на врата, ќе ги задржи вработените уште еден месец. Трошоците за исплата на плати во кога Југохром не работи изнесуваат околу 400 илјади евра месечно. Според работниците, тврдењето дека Југохром е најголем загадувач падна во вода бидејќи Тетовци и понатаму дишат екстремно загаден воздух. Работниците апелираат до надлежните во најбрз можен рок да ја повлечат забраната, а ако тоа не се случи од менаџментот ќе бараат да покаже непослушност и да ги вклучи печките.
Работниците најавија и дека ќе блокираат клучни магистрални патишта ако надлежните останат глуви на нивните барања. Југохром не успеа да го изгради системот за отпрашување во дадениот рок бидејќи цели 18 месеци ја чекаше дозволата од министерството за животна средина. Менаџментот на тетовската фабрика апелираше до надлежните да ја тргнат забраната, наметната поради бирократските доцнења и најави дека југохром ќе ги отвори вратите за новинарите и јавноста за да имаат предвид дека поставувањето филтри всушност значи изградба на нова фабрика.