Живко Митревски едногласно исклучен од синдикатот на УПОЗ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Оспоруваниот Живко Митревски едногласно исклучен од синдикатот на УПОЗ откако претходно беше сменет од функцијата претседател на ССМ, која тој одбива да ја напушти.

Околу 5000 членови на гранковиот синдикат сметаат дека тој го прекршил Статутот на УПОЗ. Оттаму велат и дека со неотстапувањето на функцијата, Митревски ја опстуира работата на Сојузот на синдикати.

Живко Митревски во писмена реакција демантираше дека е член на УПОЗ.

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, никогаш не бил член на синдикатот на УПОЗ ниту има намера да биде член во синдикатот на УПОЗ со оглед на тоа што е член на синдикатот на Шумарство дрвна индустрија и енергетика на РМ каде што е и претседател на овој грански синдикат.

Од друга страна, 24 Вести пренесува дека дошле до списокот на членови на УПОЗ кои плаќаат чланарина, што докажува дека Митревски е член на овој гранков синдикат.  Од УПОЗ велат дека Митревски им забранил да користат дел од просториите во зградата, а од денеска забранил и влез во ССМ за дел од новинарите.

Инаку, Централен регистар се уште ги нема впишано новите претседатели на ССМ и на синдикатот за безбедност и одбрана со образложение дека чекаат да завршат сите кривични постапки. Но адвокатите на новото претседателство на ССМ велат дека регистарот мора да ги почитува одлуките и да ја впише промената. Синдикалните превирања досега резултираа со 6 кривични пријави и блокада на работата на дел од синдикатите.