Италија има нов „вундеркинд“: Милан и Јуве се тепаат за него!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Крилниот напаѓач на Асколи, Рикардо Орсолини е едно од најголемите откритија во италијанскиот фудбал оваа сезона, па големите италијански клубови веќе започнаа битка за неговиот потпис.

Орсолини има само 19 години и оваа сезона блесна во дресот на Асколи во италијанската Серија Б, па го привлече вниманието на многу големи клубови како на Апенините, така и во Европа.

Игра како крилен напаѓач кој има одлично чувство за гол, извонредна техника, одличен е во дуелите еден на еден и експертите му предвидуваат блескава кариера.

Најсилен интерес во моментив покаќуваат Милан и Јувентус кои сакаат да го купат големиот талент уште во зимскиот преоден рок.

„Вистина е дека сме силно заинтересирани за Орсолини. Бараме засилување на крилните позиции и Орсолини може да биде одлична замена за Сусо. Тој во моментов заедно со Локатели и Донарума се најголемите италијански таленти и ние сакаме да ги имаме сите тројца во нашиот тим“, изјави потпретсдетелот на Милан, Адриано Галиани.