Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Prior Design се погрижи Mercedes S-Class да не биде само елегантен автомобил, туку со својата магија му даде го модифицира скратувајќи на неговата елегантна линија и засилувајќи ја неговата агресивност.
Се работи за целосна трансформација во која S-Class купе доби широк body kit направен од мешавина на фиберглас и Дурафлек. „Меките” и елегантни линии исчезнаа, а автомобилот сега има пошироки предни и задни блатобрани, поголеми браници со дополнителни лип спојлери кои на купето даваат исклучителен спортски изглед.
Од Prior Design рекоа дека ваквиот Mercedes S-Class купе праќа јасна порака за тоа кој е шеф на улиците и автопатиштата.
Автомобилот назад е поширок за 20, а напред за 12 сантиметри од стандардната S-Class купе, а спортскиот изглед го надополнува и големиот заден спојлер. Доби и H&R суспензија, спуштен е и поседува 22-инчни бандажи со гуми со димензија 265/30 напред и 315/25 назад.
Можно е да добие и 23-инчни бандажи.