Штедеа 10 години за на мама да ѝ го купат автомобилот од нејзините соништа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За браќата Даниел и Џејсон Кнуст од Волонгонг, Австралија, Божиќ беше совршениот тајминг за да искажат најголемо благодарам на светот на жената која ги родила и одгледала. Поради тоа, за нивната мајка Керол, нов BMW автомобил беше подарокот за кој штедеа цели 10 години.

„Во една прилика ни кажа дека еден ден би сакала да има нов BMW. И тоа ние си го врзавме в крпче, па долго време штедевме за да ја почестиме со таков подарок“, изјави Даниел за Mashable.

Погледнете ја нејзината реакција кога го доби божиќниот подарок.