Што читаше Бил Гејтс во 2016 и кои се неговите омилени книги за оваа година?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Читањето книги за Бил Гејтс сè уште е најомилен начин за надоградување на знаењето и учење нешто ново, како што тврди самиот Гејтс.

Читањето книги била негова омилена дисциплина уште кога бил дете, а и до ден денес ја задржал навиката да чита во просек по една книга неделно. Ова е листата на негови омилени книги  од 2016 година, кои тој ги препорачува за време на празниците.

„String Theory“ од  Дејвид Фостер Валас –  Оваа книга нема врска со физика, но насловот ќе направи да изгледате многу паметно ако ја читате во авион или воз. Колекција е од пет есеи за тенис, а на Гејтс му е една од омилените бидејќи и самиот тој некогаш играл тенис.

„Shoe Dog“, од Фил Најт – Мемоар на коосновачот на „Nike“. Како што вели Гејтс, ова е искрен потсетувач на патот до успешен бизнис.

„The Gene“ од Сидарта Мукхерџи – Водич низ минатото, сегашноста и иднината на науката за геномот, со посебен осврт на етичките прашања. Книгата покажува дека лидерите кои најмногу даваат придонес во историјата и на човештвото, се токму оние кои не ги гледаме како „силни лидери“.

The Myth of the Strong Leader од Арчи Браун – Оваа книга, напишана во 2014 година, покажува дека лидерите кои ги направиле најголемите придонеси во историјата и кон човештвото генерално не се оние кои ние ги перцепираме како силни и цврсти лидери. Гејтс пишува: Наместо тоа, тие се стремат да бидат оние кои соработуваат, делегираат и преговараат, како и да препознаат дека ниту една личност не може и не треба да ги има и знае сите одговори.

„The Grid: The Fraying Wires Between Americans and Our Energy Future“ од Гречен Баке – Авторот потенцира зошто електричната мрежа е едно од најголемите инженерски чуда на модерниот свет. Исто така е објаснето зошто модернизирањето на мрежата е толку комплексно и критично за градење на иднина со чиста енергија.