Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По објавувањето на одлуката на Управниот суд дека е уважена тужбата на СДСМ и дека гласањето во Теарце ќе биде поништено, шефот на изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ, Никола Тодоров, одржа прес конференција само за провладините медиуми.
СДСМ и нивните налогодавачи срамно продолжуваат со обидот за кражба на кристално чистата победа на ВМРО ДПМНЕ на последните избори. Судиите од Управниот суд кои гласаа за уважување на тужбата на СДСМ донесоа противправна одлука водена од политички мотиви, изјавил Тодоров за одбраните медиуми на неговата партија.
И во тој контекст ВМРО ДПМНЕ останува на ставот искажан во прогласот на Извршниот комитет на партијата од саботата, рекол Тодоров.
Во прогласот, кој пред Државната изборна комисија го прочита лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, една од точките беше дека ако Управниот суд, под притисок од странство, ги потврди незаконските одлуки на ДИК, ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во прегласувањето, нема да ги признае резултатите и нема да му дозволи на аболицираниот криминалец Зоран Заев да формира влада со фалсификување на волјата на граѓаните.