Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Што им е заедничко на Џеред Лето, Бред Пит, Тејлор Свифт, Даниел Редклиф и сите оние не толку славни и целосно анонимни личности кои имаат сини очи? Science Daily вели дека тие технички се во меѓусебно сродство.
Од Science Daily велат дека сите луѓе со сини очи, вклучително и оние славните кои погоре ги споменавме, делат еден ист предок. Истражувачите од универзитетот во Копенхаген тврдат дека пронашле генетска мутација одговорна за појавата на сините очи, која се појавила во периодот пред помеѓу 6.000 и 10.000 години.
Професорот Ханс Ејберг од секторот за клеточна и молекуларна медицина вели: „Изворно, оригинално, сите сме имале кафеави очи, но генетската мутација која влијае врз ОСА2 генот во нашите хромозоми резултира со креација на промена која буквално ја ’исклучила‘ способноста за создавање на кафеави очи“.
Генот за кој зборува Ејберг е одговорен за настанувањето на протеин кој, пак, е одговорен за производство на меланин, кој на нашата коса, кожа и очи им дава боја. Синооките луѓе имаат мало ниво на меланин во очите, па поради тоа истражувачите заклучуваат дека тие заедно делат некој заеднички прастар, древен предок.
„Сите тие имаат наследено иста промена на исто место во нивната ДНК“, вели Ејберг. Исто како и пегите, младежите и ќелавоста, ни промената на овој ген не е негативна.
„Едноставно, природата на тој начин ни покажува дека постојано го менува човечкиот ген, создава генетички коктели од човечките хромозоми и пробува разни промени“, заклучува Ејберг.