Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер пронајде замена за клучните фудбалери во тимот Алексис Санчез и Месут Озил, доколку двајцата се одлучат да не го продолжат договорот со „топџиите“.
Имено, станува збор за Дмитри Паје од Вест Хем и Марко Ројс од Борусија Дортмунд, во кои Венгер гледа одлична замена за дуото Озил – Сачез.
Марко Ројс е означен како примарна мета на Арсенал во случај на заминување на било кој од споменатите двајца фудбалери. Германецот има договор со Дортмунд до 2019 година, но се чини дека е спремен да предизвикот наречен Премир лига.
Дмитри Паје е исто така многу реална мета бидејќи самиот јавно потврди дека сака да ја промени средината, па јасно е дека Вест Хем нема да може да го задржи.
Договорите на Санчез и Озил истекуваат во 2018 година, па доколку до јуни не стават потпис на нови договори клубот од „Емирати“ сигурно ќе се одлучи да ги продаде.