Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Управниот суд денеска треба да разгледа уште две тужби што ги поднесе коалицијата предводена од СДСМ и една од ВМРО-ДПМНЕ за решенијата на Државната изборна комисија за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11 декември.
Управниот суд вчера вечер одржа две седници на кои разгледуваше две други тужби поднесени од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за предвремените парламентарни избори.
Денеска Управниот суд треба да ги разгледа преостанатите три тужби поднесени од политички партии за предвремените парламентарни избори.
Одлуките по тужбите Управниот суд треба да ги донесе најдоцна 24 часа по расправата по нив и да ги објави на неговата веб страница. Одлуките на Управниот суд се конечни.
Советот на судии е составен од Весна Јовановска, претседател и членовите Бурим Сејдини, Анета Џигерова, Ѓоко Живковски и Драгослав Радичевски. Коалицијата предводена од СДСМ поднесе четири тужби до Управниот суд, а една тужба поднесе ВМРО-ДПМНЕ.