304 од освоени 306 со поддршка: Трамп и официјално нов претседател на САД


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателските електори во Соединетите Американски Држави вчера и формално го официјализираа изборот на републиканецот Доналд Трамп за претседател, и покрај силниот притисок против него на социјалните мрежи и протестите низ цела Америка.

Трамп доби 304 од 306-те електорски гласа што ги освои на изборите, откако само двајца републикански електори, кои испаднаа нелојални, го сменија гласот на своите држави и гласаа за Клинтон – и двајцата од Тексас.

Електорите во Арканзас, Илиноис, Индијана, Њу Хемпшир, Северна Каролина и Пенсилванија гласаа во текот на утрото и раните попладневни часови и ги поделија гласовите од своите држави без нелојални електори. Трамп ги освои Арканзас, Индијана, САД, Северна Каролина и Пенсилванија, додека демократката Хилари Клинтон ги зеде Илиноис и Њу Хемпшир.

И покрај притисокот во последните минути од прогресивните и либертаријански групи, имаше малку знаци за некаков значителен бунт, вели Ју Ес Еј тудеј.

Средбите на електорите, кои се случуваат повеќе од еден месец по изборите на ноември 8, обично се формалност.

Оваа година, националните 538 електори беа во центарот на вниманието откако критичарите на Трамп поведоа гласна кампања во која ги повикуваа републиканските електори да не гласаат за него.

Официјалните резултати од гласањето ќе бидат објавени пред Конгресот на 6 јануари, иако резултатите од секоја држава беа објавувани во текот на денешниот ден.