Баерн повторно го „собира“ најдоброто од Германија!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најтрофејниот германски клуб, Баерн Минхен ги договори трансферите на двајцата германски репрезентативци и членови на Хофенхајм, Себастиан Руди и Николас Шуле.

Шуле е 21-годишен дефанзивец кој игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Иако за него силен интерес покажаа Ливерпул, Челзи, Интер и Милан, сепак Баерн беше најбрз и го договори трансферот, а финансиските детали од здрелката не се познати.

Руди е еден од најдобрите играчи за врска во Бундес лигата кој од неодамна е и германски репрезентативец, а неговиот договор со Хофенхајм завршува на крајот на сезоната.

Баварците не дозволуваат најдоброто од Германија да замине од Бундес лигата, па веќе го договориле трансферот со неговиот агент.