Венгер: Судиите се заштитени како лавови во зоолошка градина!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Арсен Венгер беше бесен после поразот на неговиот тим од Манчестер Сити во дербито на Премиер лигата и ги обвини судиите за двата гола на „граѓаните“.

Венгер по натпреварит истакна дека не го боли толку многу поразот од „граѓаните“, колку неправдата кон неговите фудбалери, односно грешките на судиите кои што се покажале како фатални за Арсенал.

„Ни дадоа два гола од офсајд и тешко ми е да го прифатам тоа во таков важен натпревар. Мислам дека е крајно време да се запре, бидејќи страдаме од лоши одлуки во текот на сезоната. Гледам денешните голови и гледам офсајди. Вториот е пет метри во офсајд“, изјави Французинот.

„Што можам да направам? Ги штитат судиите како лавови во зоолошка градина, па ќе мора да живееме со тоа. Сакам да бидат чувани многу добро, но сакам и да носат правилни одлуки“, заклучи Венгер.