Прва снимка од ретката дух-ајкула, риба постара и од диносаурусите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вид риба наречена химера се има појавено на Земјата пред диносаурусите, ама досега не била снимена на камера. Првата снимка е направена во 2009 година, а нивните автори, кои биле геолози, не знаеле дека го снимиле ова морско суштество. Неодамна е воочено, сосема случајно, дека станува збор за исклучително важна снимка.

Видеото го снимила подморница на далечнинско управување на истражувачкиот институт во заливот Монтереј. Химерата е снимена на длабочина од 2042 метри, а меѓу научниците е позната и како дух-ајкула.

Научниците досега имале можност да се сретнат со сината химера со зашилен нос во длабоките води на Австралија, Нов Зеланд и Нова Каледонија, а овој примерок е најден во близина на Калифорнија и Хаваи.

Она што е посебно интересно е дека половите органи на сината химера се наоѓаат на нејзината глава, и се извлекуваат и вовлекуваат по потреба, додека малите точки им служат како сензорни канали, кои служат за откривање на локацијата на нивниот плен.