Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Стотина поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ денеска повторно се собраа пред седиштето на ДИК за како што велат, да не им се украде изборната победа. ДИК на денешната седница, која се уште не е започната треба да одлучува по преостанатите приговори од СДСМ и од БЕСА.
Синоќа неколку стотина поддржувачи на владејачката партија, но и нејзини функционери останаа до доцна во ноќта пред ДИК. Улицата пред зградата беше затворена, а насобраните извикуваа „Лопови“ и „Македонија“. Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се заканија со гневот на народот доколку ДИК не ја испочитува нивната изборна победа.