Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Толпа луѓе скандираат пред Државната изборна коисија во знак на револт поради решавањето на приговорите на ДИК на двете партии, СДСМ и БЕСА.
На БЕСА и се отфрлени 7 приговори се отфрлени, само еден е оставен за да се однесе потписот на Фатиме Сулејмани на вештање за да се потврди дали потписот е веродостоен или друг се потпишал наместо неа.
На СДСМ, истотака 7 приговори и се отфорлени и се чека комисијата да се произнесе за последниот приговор.
Додека внатре трае седницата, тие извикуваат „Уа“. Присутно е силно полициско обезбедување. Со шест гласа „за“ и три „против“ беше прифатен предлогот на претседателот на ДИК, Александар Чичаковски потписот на Фатиме Сулејмани да биде даден на вештачење за да се утврди дали таа сакала два пати да гласа на 11-ти декември. Дали ДИК ќе го уважи приговорот на БЕСА кој се однесува на потписот на Фатиме Сулејмани, ќе се знае откако ќе пристигнат резултатите од вештакот.