Големо признание од IHF: Начевски и Николов најдобри судии во светот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ракометната судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е избрана за најдобра во светот за оваа година, во изборот кој го организираше Светската ракометна федерација.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се најдобрата судиска двојка во светот на ракометот, во изборот на IHF. Македонските судии признанието го освоија пред Данците Гјединг и Хансен, односно српските судии Стојковиќ и Николиќ.

Начевски и Николов годинава судеа на олимпискиот турнир во Рио де Жанеиро, а ќе бидат дел и од Светското првенство во Франција кое ќе започне на 16-ти јануари наредната година.

„Поголемо признание нема, и за нас и за Македонија. Досега имаше избори на играчи, на тренери, но ова е прв официјален избор на судии тоа му дава уште поголемо значење на овој избор за нас посебно и за сето она што го работиме во изминативе години“, истакна Начевски.