Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Моделот Јаземинах Роси, за која вратите на модната индустрија се отворија кога таа имаше дури 45 години, благодарение на нејзината платинесто сребрна коса и речиси совршена кожа, и денес, на 61 година е и тоа како барана, иако многумина не веруваат во фактот дека има толку години.
Роси вели дека за нејзиниот младешки изглед може да му заблагодари на здравиот начин на живеење, посебно на маслиновото масло кое секојдневно го нанесува на кожата, додека еднаш недело од него прави посебен препарат со кој исто така ја негува својата кожа, пренесува The Sun.
Родена е во Франција, а кариерата како модел ја започна на 28 години, што за модната индустрија е доста доцна, но на светските писти се проби дури на 45 години. Тврди дека маслиновото масло е тајната на нејзиниот изглед, а секојдневно ужива во оброци богати со здрави и хранливи материи.
„Медиумите сакаат да не убедат дека за совршена кожа ни се потребни секакви препарати и чуда, но тоа не е вистина. Порасна во средина каде маслиновото масло, освен за готвење, се користи и за косата и кожата – ништо повеќе од тоа“, вели Роси за Daily Star Online.
Роси за својата витка фигура тврди дека се заслужни здравиот живот и исхрана. Секој ден јаде по едно авокадо, а нејзината диета се базира на зеленчук, квалитетна риба и месо, како и овошје и јаткасти плодови.