Видео: Хјустон ја продолжи серијата, пораз на шампионот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Импресивната шутерска партија на Хјустон и поразот на Кливленд го обележаа натпреварите во НБА лигата, кои се одиграа изминатата ноќ.

Тимот од Тексас на свој паркет го „прегази“ Сакраменто со 132-98 со што ја запиша осмата победа во низа во новата сезона, а повторно најдобар поединец беше Џејмс Харден. Бекот на Хјустон за само 30 минути игра дојде до нов трипл-дабл учинок од 15 поени, 14 асистенции и 11 скока, додека најефикасен во победничката екипа беше Рајан Андерсон со 22 поени, а кај Сакраменто се истакна само Темпл со 20 постигнати поени.

Мемфис му се реваншираше на актуелниот шампион Кливленд за поразот од пред два дена со триумфот 93:85. Марк Гасол запиша дабл-дабл (17 поени, 11 скокови), додека кај Кливленд се истакна Џејмс Џејмс со 15 поени. Шампионот на овој меч беше без големата тројка: Лберон-Лав-Ирвинг.

Резултати:
Мајами-Индијана 95:89,
Орландо-ЛА Клиперс 108:113,
Филаделфија-Торонто 114:123,
Вашингтон-Шарлот 109:106,
Бруклин-ЛА Лејкерс 107:97,
Далас-Детроит 85:95,
Јута-Оклахома 109:89,
Сан Антонио-Бостон 108:101.