Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешната пратеничка на ДУИ, Емира Мехмети, е ангажирана како консултант од страна на австрискиот парламент. Таа склучила едногодишен договор како правен советник на пратеникот Штефан Шенах во Советот на Европа. Шенах беше набљудувач на изборите во Македонија како шеф на мисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
„Со договорот јас сум правно-политички советник на пратеникот Штефан Шенах во областа на меѓународните односи, развој на стратегии за Балканот, одржлив развој, обновлива енергија. Договорот предвидува ангажирање, советување и помош при изготвување на извештаите и резолуциите на Комитетот за мониторинг на Советот на Европа“, изјави Ермира Мехмети за весникот „Лајм“.
На изборите во 2014 година, Ермира Мехмети беше носител на листата на ДУИ во првата изборна единица, каде што нејзината партија освои 26.600 гласа. По објавувањето на „бомбите“ на опозицијата таа се дистанцираше од ДУИ, а и партијата од неа. Носител на ИЕ1 на овие избори беше Артан Груби и партијата доживеа голем пораз, освојувајќи само 12.800 гласа.