Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жозе Мурињо многу често јавно ги критикува своите фудбалери, но во исто време не дозволува некој груг да каже лош збор за нив.
Поради тоа Мајкл Овен можеби се покаја што го искритикува Златан Ибрахимовиќ откако Жозе Мурињо му „спушти“ на мајсторски начин.
Овен кој сега е фудбалски критичар, смета дека Ибрахимовиќ не е вистинско решение за тимот од „Олд Трафорд“.
„Златан не е долгорочно решение за Манчестер Јунајтед, туку е повеќе како Ван Перси, донесен на сезона или две. Во еден момент, клубот ќе мора да донесе некој како Руни, на 18 или 19 години или да произведе сопствен напаѓач”, рече Овен.
Овој коментар воопшшто не му се допадна на „Специјалниот“ кој веднаш на свој начин му одговори на легендарниот напаѓач.
„Иако Мајкл не го сака, реалноста е дека Златан во една сезона ќе постигне повеќе голови отколку Овен што даде во три сезони за Манчестер јунајтед. Овен има дадено 17 голови за Јунајтед, Златан има веќе 13 за шест месеци. Па мислам дека не е лош избор за нас“, заклучи „Специјалниот“.