БЕСА и СДСМ поднесоа приговори за нерегуларности до ДИК


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера СДСМ поднесе осум приговори до Државната изборна комисија кои се однесуваат и на текот на гласањето и на сумирањето на резултатите. Социјалдемократите бараат поништување на гласањето во осум избирачки места.

Претседателот на СДСМ Зоран Зев, кој претходно ги најави приговорите, рече дека ако овие нивни забелешки бидат прифатени од ДИК, резултатот од изборите ќе биде поинаков. Тој рече дека во тој случај бројот на пратеничките места за СДСМ би бил 50, а исто толку и за ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно и движењето Беса поднесе приговори до ДИК за втората изборна единица и сметаат дека доколку приговорите бидат прифатени, тие ќе добијат еднo или две пратенички места повеќе на сметка на ДУИ и на ВМРО – ДПМНЕ.

Претседателот на Беса, Билал Касами вели дека со овие нерегуларности тие изгубиле две пратенички места, едно во Изборната единица шест и едно во Двојката.