Home Актуелно Трендот на студено време продолжува и во среда

Трендот на студено време продолжува и во среда

Среда ќе ја започнеме со ведро и прилично студено утро. Минималната температура низ котлините ќе има вредност во границите од -10°С до -5°С. Утрото, како и најголем дел од денот ќе биде ведар, речиси без облаци. Постепено наоблачување ќе има навечер во северните делови од земјата.

Наутро речиси и ќе нема ветер, за претпладне и околу пладне на кратко да очекуваме слаб југоисточен ветер. Навечер повторно очекуваем северно, но слабо струење

Температурата ќе има максималната вредност помеѓу 2°С и 5°С низ поголем дел од котлините, а на југ околу 7°С.

Скопскиот регион очекува претежно ведро време во текот на поголем дел од денот. Навечер очекуваме постепено наувлачување. Минималната температура ќе има вредност околу -8°С, додека вредноста на максималната температура ќе биде околу 4°С.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…