Пинк блеска: Во топлес издание се пофали со трудничкото стомаче


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американската поп пејачка Пинк неодамна објави дека со сопругот Кери Харт го очекуваат нивното второ дете, а сега за фановите, во топлес издание, се пофали и со трудничкото стомаче.

Алесиа Мур, светски позната како Пинк, ги почести своите Инстаграм следбеници со разголена фотка на која покажа до каде е со „растењето“ на нејзиниот труднички стомак, додека ќеркичката Вилоу своите мали рачиња ги држи на стомакот од мама.

A photo posted by P!NK (@pink) on

Пинк и Харт го немаат објавено полот на бебето кое го очекуваат, но сопругот вели дека би сакал да добијат син.

„Веќе имаме една принцеза, па би било убаво сега да добиеме момче. Долго сме немале бебе во куќата и ќе биде интересно“, изјави тој.

Пинк и Харт се запознаа во 2001 година, на една мото-трка, а тој ја побара за сопруга во 2005.