Home Спорт Германец ги „олади“ Милан и Интер: Порано беа големи, сега нема смисла да одам таму!

Германец ги „олади“ Милан и Интер: Порано беа големи, сега нема смисла да одам таму!

Николас Шуле е еден од најдобрите стопери во Бундес лигата, па иако има само 21 година за него интерес покажуваат најголемите европски гиганти.

21-годишниот Германец е желба меѓу другите и на миланските гиганти Интер и Милан, но Шуле истакна дека за него тоа би било чекор назад во кариерата и дека нема намера да се сели во Италија.

„Знам дека мојот агент беше контактиран, но за мене трансферот во Италија нема никаква смисла. Милан и Интер ја загубија маѓијата која ги правеше големи. Не можат да се квалификуваат ни за во Европа. Во минатото имаа големи играчи и имињата на тие клубови имаа тежина. Милано е убав град, навивачите се прекрасни, но клубовите пропаѓаат. Да се преселам таму од Бундес лигата би било чекор назад за мене. Јас преферирам трансфер во Премиер лигата“, истакна Шуле.

Скоро анонимниот Германец потоа се дрзна да ја разнгира италијанската лига и дефанзивците кои играат во неа.

„Италија е дури четврта лига во Европа. Повеќе немаат ни најдобри дефанзивци како што некогаш ги имаа Канаваро и Неста. Киелини и Бонучи се одлично, но не се таа класа како Серхио Рамос и Жером Боатенг“, порача Шуле.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…