Маслиновото масло е здраво, но еве кога треба да избегнувате да го користите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Маслиновото масло често се спомнува како најдобар избор кој го штити нашето здравје и секое јадење го прави повкусно. Сепак, постојат ситуации кога не треба да го користете. Eве неколку битни од нив.

Ако не сте сигурни дека е квалитетно

Пред да го користете маслиновото масло за готвење, важно е да сте сигурни дека се работи за екстра цедено масло. Некои истражувања покажуваат дека дури 80% од италијанските маслинови масла „се загадени“ со некои други масла. Можеби се изработени од помалку квалитетни маслинки, па во нив додале минатогодишно масло или го мешале со некое друго за да се добие поголема количина.

За пржење

Одреден број на стручњаци тврдат дека маслиновото масло не е здраво за нашето срце, ако се загрева на многу висока температура. Нутриционистот Бриџет Бенер, вели дека маслиново масло, баш како и сите масла, за време на загревањето губи голем број на важни работи, како што се омега 3 масните киселини и антиоксидансите.

За скара

Многу готвачи препорачуваат маринирање зеленчук и месо во маслиново масло. Оваа постапка нема да ви наштети, но исто така нема да ви донесе многу корист, бидејќи маслото ќе гори, ќе предизвика пламен и ќе направи храната да има вкус на изгорено дрво. Затоа, користете обично сончогледово масло. Кога ќе биде храната готова, тогаш може да попрскате уште малку маслиново масло.

За подготовка на колачи

Според зборовите на производителот на Olivers&Co., во одредени прехранбени производи може да се додава маслиново масло наместо маргарин и путер. Она што мора да запомните е дека маслиновото масло има силна арома, па може да го наруши вкусот на колачите.

Како препарат за нега на кожата склона кон акни

Веројатно сте слушнале како многу го фалат маслиновото масло кога се работи за здравјето и убавината на косата, а често може да го пронајдете и во производите како што се сапуните, пилинзите или лосионите. Ништо лошо нема во тоа, но маслиновото масло може да ја влоши ситуацијата на оние чија кожа е склона на пукање и акни, бидејќи маслиновото масло може да ги затвори порите.