Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Надгробен крст со името на лидерот на СДСМ Зоран Заев носеа двајца битолчани кои синоќа во Битола се појавија на прославата по битолските улици на ВМРО-ДПМНЕ.
Во исто време на прославата во Скопје лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски им се обрати на поддржувачите со ветување дека ќе го надмине политичкиот јаз меѓу граѓаните.
Фотографијата во Битола е направена во близина на Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ. Нејзиното објавување на Фејсбук предизвика бројни коментари, меѓу кои се посочува дека едното од лицата наводно е воспитно-образовен работник во битолско училиште.