Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што се претпоставуваше во претходните денови, а дури и информацијата беше објавена порано од предвиденото во медиумите, Кристиано Роналдо ја освои „Златната топка“ и беше прогласен за најдобар фудбалер според „Франс Фудбал“.
Споменатата награда се доделува од 1956 година, а во 2010 година во целатата приказна влезе и ФИФА. Од оваа година „Франс Фудбал“ и ФИФА повторно се разделија што значи дека повторно два пати ќе се избира најдобар играч во светот.
Дека повеќе нема дилеми, доказ е и фотографијата која се појави на социјалните мрежи на која се гледа насловната страна на „Франс Фудбал“, магазинот кој ја доделува престижната награда. На истата позира Роналдо со „Златната топка“ со наслов дека тој е најдобриот играч за 2016 година.
Инаку, официјалната церемонија за доделување на „Златната топка“ ќе се одржи вечерва во Париз, но Роналдо наградата ќе може да ја добие на 19 декември, бидејќи со Реал се наоѓа во Јапонија на Светското клупско првенство.
La une du France Football de demain. Le podium du Ballon d'Or est :
1-C.Ronaldo
2-L.Messi
3-Griezmann
??? pic.twitter.com/CGFB5ZU2C0— Mehdi Madridistas (@Mehdi9478) December 12, 2016