Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најголема излезност до 13 часот во 46-те ДКП на Република Македонија во кои денеска се гласа за предвремените парламентарни избори од 55,5 отсто е регистрирана во Софија и Анкара.
Според податоците на Државната изборна комисија, во Софија од запишаните 36 гласачи гласале 20 лица, а во Анкара од 45 гласале 25-мина.
Најголем број избирачи од дијаспората се пријавиле да гласаат во Швајцарија каде на четири избирачки места во Берн треба да гласаат 4.255 лица, во САД во четири града – Вашингтон, Детроит, Чикаго и Њујорк вкупно треба да гласаат 3.086 лица и во Австралија на две избирачки места во Мелбурн и Канбера каде треба да гласаат вкупно 1.807 лица.