Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот модел Паола Саулино (27) од Лос Анџелес, каде моментално живее, тргнува во 10 италијански града на својата Pompa турнеја, пренесува Daily Mail.
Pompa (пумпа) е италијански сленг за орален секс, а како промотивен материјал за својата секс турнеја Саулино на Инстаграм и Твитер објави видео и фотка на кој цица лижавче.
Таа даде ветување дека ќе им пружи орален секс на сите оние кои ќе гласаат „против“ на референдумот кој беше одржан во Италија, после кој премиерот Ренци си поднесе оставка, а сега ги најави и датумите за турнејата која ќе ја направи во 10 града ширум Италија, додавајќи: „Јас сум жена која си стои на својот збор“.
„Оние кои гласаа со НЕ на референдумот со задоволство ќе го чекаат почетокот на мојата Pompa турнеја за да го добијат она кое им го ветив на сите кои ќе гласаат против“, изјави Саулино за медиумите. „Сето ова е целосно искрено и сериозно. После поголемите градови, турнејата ќе ја продолжам во помалите градови, а ќе трае до 2018 година“, твиташе Паола.
Во рамки на првиот дел од оваа контроверзна екскурзија таа ќе ги посети и награди гласачите од Рим, Фиренца, Болоња, Верона, Милано, Торино, Неапол, Бари, Лече и Палермо. Повеќето реакции се со незадржлива страст од оние кои гласале против и сега си го чекаат својот дел. Но, има и такви кои не реагираа баш најпозитивно на оваа нејзина провокативна понуда. „Ти само им правиш лиги на оние кои го бранат Уставот“, беше еден од критичките коментари. Оние на кои им го должи задоволството останува да чекаат дали таа ќе си го исполни даденото ветување. 😀