Во пожар во Кисела Вода загина една жена


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во пожар кој избувнал изутринава во станбена зграда на улицата „Вера Јоциќ“ број 37 во општина Кисела Вода, почината е 57-годишна жена.

Пожарот настанал од уред за греење во подрумски простории на објектот, адаптирани за живеење на едно лице.

Како што информира командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Ѕвонко Томески, дојава за пожарот имале во 7:00 часот.

Веднаш е излезено на местото и е интервенирано  со четири противпожарни возила и со 14 пожарникари. Пожарот брзо бил ставен под контрола и не било дозволено проширување на други делови од зградата, рече Томески.

При пребарувањето на опожарениот простор е најдено тело на починатата жена, која најверојатно не успеала на време да го напушти објектот и се задушила. Биле повикани полиција и брза помош.