Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џони Деп и оваа година ја понесе неблагодарната титула на најпреплатен холивудски актер, оставајќи го Вил Смит зад себе. Оваа година, втора по ред, оваа анти-титула ја доби откако неговиот филм Alisa, и покрај големиот буџет, доживеа неуспех.
Несреќата за Деп лежи во фактот што научно-фантастичното филмско остварување почна да се прикажува во периодот кога неговата бивша сопруга Амбер Херд го обвини за семејно насилство.
После номинациите за Оскар за минатиот филм Black Mass, излгеда дека кариерата на Деп тргна во надолна линија. Alisa заработи само 77 милиони долари, што е претерано малку во однос на далеку повисоката заработка на оригиналот кој собра 334 милиони долари.
За секој долар кој му бил исплатен Џони Деп оваа година вратил само 2,80 долари, додека Вил Смит враќал 5 долари. Остатокот од листата на најпреплатени актери го сочинуваат Чејнинг Татум, Вил Ферел, Џорџ Клуни, Адам Сендлер, Марк Валберг, Леонардо ДиКаприо, Џулија Робертс и Бредли Купер.